Широк Сокак
Широк Сокак (познат и како „битолското корзо“) е најфреквентната улица во Битола. Официјалното име на улицата е „Маршал Тито“, но попозната е како „битолското корзо“. Во почетокот била наменета за автомобили, меѓутоа денес е исклучиво пешачка улица и вистинското срце на градот. На Широк Сокак се наоѓаат најголемите продавници, ресторани, театарот со опера, галерии и многу други кафулиња и клубови. Тука се сретнуваат најстарите архитектонски дела и градби на Балканот, коишто го красат градот уште од турско време. Типично турски куќи, покрај прекрасните вили, не се реткост во овој дел на градот.