Хераклеја Линекстис
Битола се наоѓа на римскиот пат Виа Егнација, каде што е и античкиот град Хераклеа Линкестис. Во периодот на II век п.н.е. кога Македонија станува римска провинција, Хераклеа станува силен економско-политички центар со свој постојан римски намесник и римска војска, што сведочи за Битола како центар на вечна моќ, цивилизација, култура и убавина којашто е тука и денес.
На северниот крак од форумот се наоѓа портикот на судницата со правоаголна основа на чиј северен ѕид стојат две статути на постаменти и еден постамент без статуа, кои како неми сведоци ја потврдуваат величенствената историја на градот. Статуата на Тит Флавил Орест восхитува со една спокојна убавина во своите марцијални порпорции. На неа со грчко писмо е испишано неговото име. Младото женско тело и вообичаените атрибути за вистина и правда - терзијата и лакот - ја навестуваат маркантноста на Немеза, божицата на правда и судбината. Во грчкиот натпис на ова статуа е кажано дека ова е дар од хераклејската граѓанка Јулија Тертила. Постаментот без статуа со грчки натпис е посветен на истата божица, а во рамка е поставен текст, стих од спевот на Хесиод.
Посебно внимание на восхит буди импозантната градба на театарот каде што генијот на искуниот градител од тоа време, Витрубиј, бил доведен во совршенство. Хипотетичките податоци, забележани од археолозите и историчарите на уметноста, говорат за тоа дека почетоците на неговата градба датираат во времето на царот Хадријан, а завршните зафати биле изведени во времето на Антонин Пие. Повторно, по испробаниот стар рецепт од римската архитектонска кујна, се употребени мермерот, каменот и печената тула, кои на ова монументалната градба н даваат еден еден неповторлив изглед со впечатлива естетика. Со откривањето на бината, се потврди двојната функција на театарскиот објект - за сценски изведби и за претстави со животни кои биле чувани во трите кафези. За безбедноста на гледачите бил подигнат висок ѕид од ортостати околу орхестрата со метална ограда врз нив. Гледалиштето има дијазома со дваесет редови седишта, а над горниот ред се наоѓал Немезион. Почетната ложа со седишта била помеѓу третиот и седмиот ред. Сцената се состои од пет правоаголни простории и раскошно украсена северна фасада. Театарот бил со капацитет за околу три илијади посетители од сите сталежи.На тлото на Хераклеја пронајдени се остатоци од повеќе сакрални објекти кои восхитуваат со својата убавина, посебно со онаа на подните мозаици направени во опус сецтле и во опус тессалатум, коишто претставуваат ремек дела на панохристијанската уметност од V и VI век.