Борби за ослободување на Битола
Седмата бригада која останала на теренот од Битолско и во текот на октомври не прекинала со нападите врз непријателските сили. Така имало повеќе напади од кои ги одбележуваме следните:
- 3 октомври: Седмата бригада во борби ги отфрлила две германски колони, извидувачкиот батаљон на 104-тата германска дивизија и др.
- 6-7 октомври: Бригадата во напад кај месноста Превалец уништила 4 камиони од колоната која броела 100 такви.
- 7-8 октомври: Врз колоната од камиони бил повторен напад и во ноќта меѓу 7-8 . Истоврмено била нападната и друга германска колона кај село Крклино.
- 13 октомври: Еден батаљон на Бригадата нападнала германска воена единица при село Кажани.-
- 29 октомври: Бригадата водела жестоки борби со германските сили кај селата Тополчани и Тројкрсти, германски моторизирани колони и еден оклопен воз. Сите германски сили покрај загубите на човечки жртви и материјали морале да се повлечат кон Битола не можејќи да се пробијат кон Прилеп.
Седмата бригада скоро цело време до октомври останала на подрачјето на Битолско, а нејзиниот штаб се наоѓал во битолското село Гопеш. Командант на Бригадата во ова време бил Лавчанецот Пецо Гудовски.